Со воведувањето на новите информатички технологии во Државниот завод за индустриска сопственост се формира и современа база на податоци. Со тоа се создадени услови за добивање на информации он-лине, со кои се овозможува на застапниците и на други заинтересирани лица брз пристап до базите на податоци.
Заводот располага и со меѓународна база на податоци ромарин во која се сместени податоците за трговски марки кој важат за територијата на Република Македонија, согласно Мадридскиот договор и Протоколот на Мадрискиот договор.