Пријавата за меѓународна регистрација на трговска марка содржи:
- барање за меѓународна регистрација на трговска марка на образец ДЗИС-МТМ4, на А-4 формат, во два примерока;
- изглед на знакот ако знакот е фигуративен во два примерока;
- список на производи и услуги на француски јазик ако пријавата е поднесена според Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на трговски марки (Мадридски договор), односно на француски или англиски јазик ако пријавата е поднесена според Протоколот на Мадридскиот договор (Мадридски протокол), во два примерока;
- доказ за платени такси - според Законот за административни такси на Република Македонија и таксите според
Мадридскиот договор, односно Мадридскиот протокол;
- уредно полномошно, ако пријавата се поднесува преку застапник.