ПРАВИЛНИК ЗА ТРГОВСКА МАРКА
Објавен во “Службен весник на РМ.” бр.18/04 од 29.03.2004 година
Врз основа на член 130 став 3 во врска со член 131-б став 2, 132 став 5, 136-а став 2, 141 став 2, 142 став 4, 145 став 4, 145-а став 2, 147 став 2, 148 став 2, 154 став 4, 163 став 3, 222 став 6, 225 став 5, од Законот за индустриската сопственост ("Службен весник на РМ" бр.47/02 и 42/03), директорот на Заводот донесе:
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Содржина на правилникот
Член 1
Со овој правилник се утврдува: содржината и формата на пријавата на трговска марка и другите состојки и прилози кон пријавата; содржината на барањето за поделба на пријавата; содржината и начинот на водење на регистарот на пријави на трговски марки и изводот од регистарот на пријави; содржината на барањето и содржината на уверението за право на првенство; објавувањето на податоците од пријавата на трговската марка во службеното гласило на Државниот завод за индустриска сопственост (во понатамошниот текст: Завод); содржината и условите за поднесување приговор на објавената пријава на трговска марка; содржината и начинот на водење на регистарот на трговски марки и изводот од регистарот; објавувањето на податоците за трговска марка; содржината на исправата на трговска марка; постапката за впишување промени во регистрите, видот на промените кои се впишуваат, содржината и формата на барањето за впишување промени; содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на трговската марка; содржината на барањето за престанок на важење на трговската марка поради некористење; содржината на предлогот за огласување за ништовно решение за признавање на правото на трговска марка и постапката по пријава за меѓународна регистрација на трговски марки.
II. ПРИЈАВА НА ТРГОВСКА МАРКА
1.Содржина и форма на пријавата
Член 2
(1) Пријавата на трговска марка содржи:
1. барање за признавање на правото на трговска марка на образец ДЗИС-ТМ1 на А4 формат, во три примероци;
2. изглед на знакот за кој се бара заштита во три примероци;
3. список на производи и услуги за кои се бара заштита согласно Договорот од Ница за меѓународна класификација на производи и услуги за регистрирање на трговски марки (во натамошниот текст: Меѓународна класификација), во три примероци.
2.Други состојки и прилози кон пријавата
Член 3
(1) Кон пријавата на трговска марка од член 2 од овој правилник, во писмена форма се поднесуваат следните состојки и прилози:
1. општ акт за колективна трговска марка, односно правила за користење на сертификатна трговска марка, ако пријавата се поднесува за колективна, односно за сертификатна трговска марка;
2. овластување на застапникот, ако пријавата се поднесува преку застапник;
3. доказ за правото на првенство, согласно членовите 134 и 135 од Законот, ако е побарано;
4. доказ за платена такса.
(2) Состојките и прилозите од став 1 на овој член треба да содржат потпис и печат на подносителот на пријавата, односно на застапникот ако пријавата е поднесена преку застапник.
(3) Ако состојките и прилозите од став 1 на овој член се достават дополнително, треба да го содржат и бројот на пријавата на трговската марка (во понатамошниот текст: ТМ-број).
1.1.Барање за признавање на правото на трговска марка
Член 4
(1) Барањето за признавање на правото на трговска марка се поднесува на образец ДЗИС-ТМ1 кој е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.
(2) Ако предвидениот простор во односната рубрика на образецот ДЗИС-ТМ1 не е доволен, бараниот податок се приложува како посебен додаток кон образецот со полната содржина и при тоа се повикува на бројот на рубриката на која се однесува додатокот.
(3) Заводот не ја проверува точноста на податоците наведени во барањето за признавање на правото на трговска марка.
1.2.Изглед на знакот
Вербални знаци
Член 5
(1) Ако со пријавата на трговска марка се бара заштита на вербален знак (зборови, букви, бројки или нивна комбинација), тоа во пријавата мора да биде назначено.
(2) Во случаите од став 1 на овој член, знакот се впишува на означеното место на образецот на пријавата, со машина за пишување или со употреба на компјутерска техника.
(3) Вербалниот знак во сите пишани документи, електронски збирки на податоци и во службеното гласило на Заводот, се запишува во стандардните букви кои ги користи Заводот.
Транскрипција и превод
Член 6
Ако знакот или делови од знакот се напишани со букви кои не се кирилски, или броеви кои не се арапски, подносителот на пријавата на трговска марка мора во пријавата да ја наведе транскрипцијата на знакот со кирилски букви или со арапски броеви, односно преводот на знакот или неговите делови кои имаат значење, а се напишани на јазик кој не е македонски.
Фигуративни знаци
Член 7
(1) Ако со пријавата на трговска марка се бара заштита на знак кој содржи фигуративни елементи (знак во боја, или посебен облик на букви и други елементи), изгледот на знакот треба да се налепи на означеното место на образецот на пријавата.
(2) Ако се бара заштита на знак во боја, во пријавата мора да се наведат боите.
(3) Знакот треба да биде изработен така што да може да се смести во квадрат со страница 80 мм, при што растојанието помеѓу двете најоддалечени точки на знакот (хоризонтално, вертикално или во пречник), не смее да биде помало од 15 мм.
(4) Знакот мора да биде јасен, изработен на квалитетна хартија и погоден за репродукција.
(5) Во врска со положбата на знакот во просторот, во постапката за признавање на правото на трговска марка, за правилна ќе се смета положбата на знакот во која тој е прикажан на образецот на пријавата.
Тродимензионални знаци
Член 8
(1) Ако со пријавата на трговска марка се бара заштита на тродимензионален знак, дводимензионалниот приказ на изгледот на знакот треба да биде претставен на означеното место на образецот на пријавата.
(2) Ако се бара заштита на тродимензионален знак во боја, условите кои се однесуваат на боите се идентични со условите наведени во член 7 став 2 од овој Правилник.
1.3.Список на производи и услуги
Член 9
(1) Производите односно услугите треба да бидат распоредени и означени според Меѓународната класификација на производи и услуги и тоа така што прво се наведува бројот на класата, а потоа производите, односно услугите опфатени со таа класа.
(2) Производите односно услугите, кои можат да се распоредат во две или повеќе класи треба да бидат наведени со изразите употребени во Меѓународната класификација, така што врз основа на формулацијата може да се заклучи во која класа припаѓаат.
III. РЕГИСТАР НА ПРИЈАВИ НА ТРГОВСКИ МАРКИ И ИЗВОД ОД РЕГИСТАРОТ НА ПРИЈАВИ
Содржина и начин на водење на регистарот
Член 10
(1) Регистарот на пријави на трговски марки содржи:
1. ТМ-број и деловоден број;
2. датум на поднесување на пријавата на трговска марка;
3. адреса за кореспонденција: име или назив, адреса, телефон, телефакс и е-маил адреса;
4. податоци за подносителот на пријавата: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
5. податоци за застапникот ако пријавата е поднесена преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
6. изглед на знакот за кој се бара заштита;
7. податоци за видот на знакот (стоковен, услужен; индивидуален, колективен, сертификатен);
8. транскрипција и превод на знакот;
9. назначување на броевите на класите според Меѓународната класификација на производи и услуги;
10. податоци за побараното право на првенство: (датум на првата пријава, држава во која е поднесена, и број на првата пријава; односно име на изложбата или саемот и датум на првото изложување);
11. податоци за поделба на пријавата (број и датум на барањето и ТМ-број на разделената, односно на основната пријава)
12. датум на објавување на пријавата на трговска марка;
13. податоци за поднесен приговор (број и датум на приговорот)
14. податоци за промените (број и датум на барањето, број и датум на решението и извршената промена);
15. податоци за пренос на правото (број и датум на барањето, број и датум на решението и податоци за новиот подносител);
16. податоци за поднесена меѓународна пријава (деловоден број и датум на меѓународната пријава; број и датум на меѓународната регистрација);
17. податоци за одлуката на Заводот.
(2) Регистарот од став 1 на овој член се води рачно, а може да се води и во електронска форма.
Извод од регистарот на пријави
Член 11
(1) Извод од регистарот на пријави на трговски марки, Заводот издава по барање на заинтересирано лице, со назначување на ТМ-бројот и по доставување доказ за платени трошоци.
(2) Изводот од регистарот ги содржи податоците од член 10 од овој правилник според состојбата на денот на издавањето на изводот.
IV. ПОДЕЛБА НА ПРИЈАВАТА
Содржина на барањето
Член 12
(1) Барањето за поделба на пријавата содржи:
1. назначување дека се бара поделба на пријавата;
2. податоци за подносителот на пријавата (идентични со податоците од првата пријава);
3. список на производите и услугите кој се поднесува за разделената пријава како издвоен дел од списокот на производи и услуги од првата пријава (во понатамошниот текст: основна пријава);
5. датум на поднесување и број на основната пријава;
6. доказ за платена такса за поделба на пријавата.
(2) Кон барањето од став 1 на овој член треба да се приложат толку нови пријави колку што ќе настанат со поделбата на основната пријава
(3) На разделената пријава ќе и биде доделен нов број на пријавата.
V. УВЕРЕНИЕ ЗА ПРАВОТО НА ПРВЕНСТВО
Содржина на барањето
Член 13
(1) Барањето за издавање на уверение за правото на првенство содржи:
1. назначување дека се бара издавање на уверение за правото на првенство;
2. ТМ-број;
3. податоци за подносителот на барањето;
4. назначување на потребниот број на уверенија за правото на првенство;
5. потпис и печат на подносителот на барањето, односно неговиот застапник;
6. доказ за платена такса.
Содржина на уверението
Член 14
Уверението за правото на првенство содржи:
1. податоци за подносителот на пријавата: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
2. ТМ-број;
3. датум на поднесување на пријавата;
4. изглед на знакот;
5. означување на боите ако е побарана заштита на знак во боја;
6. означување дека се бара заштита на тродимензионален знак, ако таква заштита е побарана;
7. список на производи и услуги;
8. назначување дека податоците во уверението се идентични со податоците од пријавата на жигот.
(2) Податоците од став 1 на овој член се означуваат со ИНИД-кодови.
VI. ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ПРИЈАВАТА НА ТРГОВСКАТА МАРКА
Член 15
(1) Во службеното гласило на Заводот се објавуваат следните податоци од пријавата на трговска марка:
1. ТМ-бројот;
2. датум на поднесување на пријавата на трговската марка;
3. податоци за побараното право на првенство (датум на првата пријава, држава во која е поднесена, и број на првата пријава; односно име на изложбата или саемот и датум на првото изложување);
4. датум на објавување на пријавата;
5. податоци за подносителот на пријавата: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
6. податоци за застапникот ако пријавата е поднесена преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
7. изглед на знакот, транскрипција и превод;
8. означување на боите ако е побарана заштита на знак во боја;
9. означување дека се бара заштита на тродимензионален знак, ако таква заштита е побарана;
10. означување дека се бара заштита на колективен односно сертификатен знак;
11. броевите на класите според меѓународната класификација и список на производите и услугите;
(2) Податоците од став 1 на овој член се означуваат со ИНИД - кодови за идентификација на библиографските податоци за стоковните и услужните трговски марки, востановени од Светската организација за интелектуална сопственост (во натамошниот текст: ИНИД-кодови).
(3) Заводот повторно ќе ја објави пријавата на трговската марка, доколку при првата објава се направени битни недостатоци.
VII. ПРИГОВОР НА ОБЈАВЕНАТА ПРИЈАВА НА ТРГОВСКА МАРКА
Содржина на приговорот
Член 16
(1) Приговорот на објавената пријава содржи:
1. податоци за подносителот на приговорот: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
2. податоци за застапникот ако приговорот е поднесен преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
3. податоци за подносителот на објавената пријава: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. ТМ-број и датум на објавата;
5. број на класите од Меѓународната класификација, односно список или дел од списокот на производите и услугите, во однос на кои се поднесува приговорот;
6. причини поради кои се поднесува приговорот и докази за тие причини;
7. доказ за платена такса за приговорот.
Услови за поднесување на приговорот
Член 17
(1) Подносителот на приговорот мора да ги образложи причините за поднесување на приговорот со поднесување на соодветна документација до Заводот.
(2) Ако приговорот се поднесува поради идентичност или сличност на знакот од објавената пријава со порано регистрирана трговска марка, односно добро позната трговска марка, подносителот на приговорот мора да докаже дека неговата марка е заштитена, односно дека станала позната во Република Македонија пред правото на првенство од објавената пријава.
(3) Ако приговорот се поднесува поради повреда на правото на трговската марка од страна на застапникот, односно на претставникот на носителот на правото, подносителот на приговорот мора да докаже дека неговата трговска марка е заштитена во некоја земја членка на Париската унија или Светската трговска организација и дека неговиот застапник, односно претставник е овластен само за застапување, односно за претставување.
(4) Ако приговорот се поднесува поради идентичност или сличност на знакот од објавената пријава со име и презиме или лик на физичко лице, подносителот на приговорот мора со соодветна документација да докаже дека тие лични права постоеле пред правото на првенство од објавената пријава.
(5) Ако приговорот се поднесува поради повреда на други права од индустриска сопственост, подносителот на приговорот мора да поднесе доказ за заштитеното право на кое таа повреда се однесува и докази од кои е видливо дека со признавањето на знакот од објавената пријава се врши повреда на некое поранешно право од индустриска сопственост.
(6) Ако приговорот се поднесува поради повреда на авторско право, подносителот на приговорот мора да докаже дека е автор, односно носител на авторско право и да го наведе авторското дело кое е предмет на повредата, како и да ги наведе доказите од кои е видливо дека со признавањето на знакот од објавената пријава, се врши повреда на авторското дело.
VIII. РЕГИСТАР НА ТРГОВСКИ МАРКИ И ИЗВОД ОД РЕГИСТАРОТ
Содржина и начин на водење на регистарот
Член 18
(1) Регистарот на трговски марки содржи:
1. регистарски број на трговската марка;
2. ТМ-број, датум на поднесување на пријавата на трговска марка;
3. податоци за носителот на трговската марка: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. податоци за застапникот, ако носителот на трговската марка има застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
5. број и датум на решението за признавање на правото на трговска марка;
6. податоци за објавувањето на признаената трговска марка (број на службеното гласило на Заводот);
7. изглед на трговската марка;
8. податоци за видот на трговската марка (стоковна, услужна; индивидуална, колективна, сертификатна);
9. транскрипција и превод на трговската марка;
10. назначување на броевите на класите на производите и услугите според Меѓународната класификација;
11. податоци за признаеното право на првенство (датум на првата пријава, држава во која е поднесена, и број на првата пријава; односно име на изложбата или саемот и датум на првото изложување);
12. датум на важење на трговската марка и податоци за продолжување на важењето на трговската марка;
13. податоци за промените кои се однесуваат на трговската марка и на носителот на правото на трговска марка (број и датум на барањето, број и датум на решението и извршената промена);
14. податоци за пренос на правото (број и датум на барањето, број и датум на решението и податоци за новиот носител);
15. податоци за поднесена меѓународна пријава (деловоден број и датум на меѓународната пријава; број и датум на меѓународната регистрација);
16. податоци за судска одлука;
17. податоци за престанок на важењето на трговската марка, односно за огласување ништовност (број и датум на барањето, односно предлогот; број и датум на решението; правниот основ и датумот на престанокот).
(2) Регистарот од став 1 на овој член се води рачно, а може да се води и во електронска форма.
Извод од регистарот на трговски марки
Член19
(1) Извод од регистарот на трговски марки, Заводот издава по барање на заинтересирано лице, со назначување на регистарскиот број на трговската марка и по доставување доказ за платени трошоци.
(2) Изводот од регистарот ги содржи податоците од член 18 од овој правилник според состојбата на денот на издавањето на изводот.
IX. ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ТРГОВСКАТА МАРКА
Член 20
(1) Во службеното гласило на Заводот се објавуваат следните податоци:
1. регистарски број на трговската марка и датум на впишување во регистарот;
2. ТМ-број и датум на поднесување на пријавата на трговска марка;
3. датум на очекувано важење на трговската марка;
4. датум на објавување;
5. податоци за признаеното право на првенство (датум на првата пријава, држава во која е поднесена, и број на првата пријава; односно име на изложбата или саемот и датум на првото изложување);
6. податоци за носителот на трговска марка: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
7. податоци за застапникот, ако носителот на трговска марка има застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
8. изглед на трговската марка транскрипција и превод;
9. назначување на боите на трговската марка ако трговската марка е во боја;
10. ознака за тродимензионална трговска марка;
11. ознака за колективна, односно сертификатна марка;
12. броевите на класите според Меѓународната класификација и список на производите и услугите.
(2) Податоците од став 1 од овој член се означуваат со ИНИД-кодови.
(3) Во службеното гласило на Заводот се објавуваат и податоци за:
1. впишување промени во регистарот на трговски марки;
2. продолжување на важењето на трговската марка;
3. престанување на важењето на трговската марка.
X. ИСПРАВА НА ТРГОВСКАТА МАРКА
Содржина на исправата
Член 21
(1) Исправата на трговска марка содржи:
1. регистарски број на трговската марка;
2. ТМ-број;
3. податоци за носителот на трговска марка: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. броеви на класите според меѓународната класификација;
5. податоци за признаеното право на првенство;
6. датум на важење на трговската марка;
7. датум на објавувањето на трговската марка во службеното гласило на Заводот;
8. изглед на знакот;
9. список на производите и услугите.
(2) Податоците од став 1 на овој член се означуваат со ИНИД-кодови.
XI. ПОСТАПКА ЗА ВПИШУВАЊЕ ПРОМЕНИ ВО РЕГИСТРИТЕ
Промени кои се впишуваат
Член 22
Во регистарот на пријави на трговски марки, односно во регистарот на трговски марки се впишуваат промените на: името, односно фирмата на подносителот на пријавата, односно носителот на правото; промена на адресата, односно седиштето на подносителот на пријавата, односно носителот на правото; пренос на правото; отстапување на користење на правото (лиценца); залог; ограничување на списокот на производи и услуги; судска одлука во врска со огласување ништовност; други одлуки во врска со судска заштита на правата и други промени.
Содржина и форма на барањето за впишување промени
Член 23
(1) Барањето за впишување на промените во соодветниот регистар, се поднесува на образец ДЗИС-ТМ2 на А-4 формат, во два примерока.
(2) Барањето од став 1 на овој член содржи:
1. назначување на регистарот во кој се бара да се впишат промените;
2. ТМ-број, односно регистарски број на трговската марка;
3. податоци за подносителот на пријавата, односно податоци за носителот на трговската марка: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. податоци на подносителот на барањето за промена: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
5. податоци за застапникот, ако барањето е поднесено преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
6. назначување на видот на промената и нејзината содржина;
7. потпис и печат на подносителот на барањето.
(3) Кон барањето од став 1 на овој член се приложува и:
1. доказ за правниот основ за промената;
2. доказ за платена такса за впишување на промената.
(4) Актот со кој се докажува правниот основ за промените се доставува во оригинал или заверена копија, целосно или само делот од кој јасно се гледа дека промената е извршена.
(5) Образецот ДЗИС ТМ-2 е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.
Постапка за впишување на промените
Член 24
(1) Ако барањето за впишување на промените е поднесено во согласност со член 23 од овој правилник и ако доказот ги исполнува условите за промена, Заводот донесува решение за впишување на промените.
(2) Промените што се впишуваат во регистарот на трговски марки се објавуваат во службеното гласило на Заводот, по плаќањето на соодветни трошоци.
(3) Ако барањето за впишување на промените не е поднесено во согласност со член 23 од овој правилник, Заводот го повикува подносителот на барањето да го уреди барањето во определен рок.
(4) Ако подносителот на барањето во определениот рок не постапи според повикот на Заводот, барањето за промена се отфрла.
(5) Ако правниот основ на кој се заснова барањето за впишување на промената не ги исполнува со закон пропишаните услови, или ако податоците од барањето не соодветствуваат со податоците од регистарот, Заводот ќе го одбие барањето за впишување промена, откако претходно го повикал подносителот да се изјасни за причините поради кои не може да се изврши впишување на промената.
XII. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО НА ТРГОВСКАТА МАРКА
Содржина и форма на барањето за продолжување
Член 25
(1) Барањето за продолжување на важењето на трговската марка се поднесува на образец ДЗИС-ТМ3, на А-4 формат, во два примерока.
(2) Барањето од став 1 на овој член содржи:
1. ТМ-број, регистарски број на трговската марка, и датум до која важи;
2. податоци за носителот на трговската марка: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
3. податоци за застапникот, ако барањето е поднесено преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. износ на платената такса за продолжување на важењето на трговската марка и датум на плаќањето;
5. потпис и печат на подносителот на барањето.
(3) Кон барањето од став1 на овој член се приложува и доказ за платена такса.
(4) Образецот ДЗИС ТМ-3 е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.
XIII. ПРЕСТАНОК НА ВАЖЕЊЕ НА ТРГОВСКАТА МАРКА ПОРАДИ НЕКОРИСТЕЊЕ
Содржина на барањето
Член 26
(1) Барањето за престанок на важење на трговска марка поради некористење содржи:
1. назначување дека се бара престанок на важењето на трговската марка поради некористење;
2. податоци за подносителот на барањето: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
3. податоци за застапникот, ако барањето се поднесува преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. податоци за носителот на трговската марка за која се бара престанок на важење поради некористење: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
5. регистарски број на трговската марка;
6. причини поради кои се бара престанок на важењето на трговската марка;
7. правен интерес за престанок на важењето на трговската марка;
8. потпис и печат на подносителот на на барањето;
9. доказ за платена на такса.
XIV. ОГЛАСУВАЊЕ ЗА НИШТОВНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ТРГОВСКА МАРКА
Содржина на предлогот
Член 27
Предлогот за огласување за ништовно решение за признавање на правото на трговска марка содржи:
1. назначување дека се бара огласување за ништовно решение за признавање на правото на трговска марка;
2. податоци за подносителот на предлогот: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
3. податоци за застапникот ако предлогот е поднесен преку застапник: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
4. податоци за носителот на трговска марка за која се бара огласување решението за ништовно: име и адреса за физичко лице, односно фирма и седиште за правно лице;
5. регистарски број на трговската марка за која се бара огласување решението за ништовно;
6. причини поради кои се поднесува предлогот за огласување решението за ништовно и докази за тие причини;
7. правен интерес за огласување на ништовноста;
8. потпис и печат на подносителот на предлогот;
9. доказ за платена такса за предлогот.
XV. МЕ\УНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКИ МАРКИ
Поведување на постапката
Член 28
(1) Постапката за меѓународна регистрација на трговска марка се поведува со поднесување пријава за меѓународна регистрација до Заводот.
Содржина и форма на меѓународната пријава
Член 29
(1) Пријавата за меѓународна регистрација на трговска марка содржи:
1. барање за меѓународна регистрација на трговска марка на образец ДЗИС-МТМ4, на А-4 формат, во два примерока;
2. изглед на знакот ако знакот е фигуративен во два примерока;
3. список на производи и услуги на француски јазик ако пријавата е поднесена според Мадридскиот договор за меѓународна регистрација на трговски марки (во натамошниот текст: Мадридски договор), односно на француски или англиски јазик ако пријавата е поднесена според Протоколот на Мадридскиот договор (во натамошниот текст: Мадридски протокол), во два примерока;
4. доказ за платени такси - според Законот за административни такси на Република Македонија и таксите според Мадридскиот договор, односно Мадридскиот протокол;
5. уредно полномошно, ако пријавата се поднесува преку застапник.
(2) Образецот ДЗИС-МТМ4 е даден во прилог и е составен дел на овој правилник.
Идентичност на податоците
Член 30
(1) Сите податоци од меѓународната пријава за трговска марка мора да бидат идентични со податоците од регистарот за пријави на трговскати марки, односно регистарот на трговски марки на Република Македонија.
(2) Списокот на производи и услуги може да ги опфаќа сите производи и услуги, или дел од производите и услугите опфатени со пријавата односно регистрацијата на трговската марка во Република Македонија, врз основа на која се поднесува пријавата за меѓународната регистрација на трговска марка.
Постапка по меѓународната пријава
Член 31
(1) По приемот на пријавата за меѓународна регистрација, Заводот испитува дали пријавата е поднесена во согласност со одредбите на овој правилник.
(2) Ако пријавата не е поднесена во согласност со одредбите од овој правилник, Заводот го повикува подносителот да ја уреди пријавата во рок од 30 дена од денот на приемот на повикот.
(3) Ако подносителот на пријавата не постапи според повикот во рокот од став 2 на овој член, Заводот донесува заклучок за отфрлање на пријавата за меѓународна регистрација на трговска марка.
Доставување на пријавата до Меѓународното биро
Член 32
Уредната пријава Заводот ја доставува до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост во согласност со одредбите на Мадридскиот договор или Мадридскиот протокол и Правилникот на Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол.
Впишување промени во меѓународниот регистар
Член 33
(1) На барање на подносителот, односно носителот на меѓународно регистрираната трговска марка, Заводот го проследува барањето за упис во меѓународниот регистар на сите промени предвидени со одредбите на Мадридскиот договор или на Мадридскиот протокол.
(2) Во постапката за упис на промените од став 1 на овој член, се применуваат одредбите од Мадридскиот договор и Мадридскиот протокол.
Впишување на продолжување на важењето на трговската марка
во меѓународниот регистар
Член 34
Носителот на меѓународно регистрираната трговска марка може да поднесе барање за продолжување на важењето на таа трговска марка, непосредно до Меѓународното биро на Светската организација за интелектуална сопственост, или преку Заводот.
XVI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Престанок на важење
Член 35
Со денот на влегување во сила на овој Правилник, престанува да важи Правилникот за постапката за признавање на правото на жиг ("Службен весник на РМ", бр.15/94 и 40/94).
Влегување во сила
Член 36
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.
Превземи