Согласно член 154 став 2 од Законот за индустриска сопственост носителот може најдоцна девет месеци од истекот на важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на трговската марка и да ги уплати соодветните такси и трошоци на постапката.
Согласно Тарифен број 92 од Тарифата на Законот за административни такси, ако таксата не се плати во определениот рок може да се плати во рок од три месеци од денот на истекот на тој рок со наплата на редовната такса зголемена за 25%, а може да се плати и во продолжен рок од шест месеци од денот на истекот на дополнителниот рок од три месеци и тоа во двоен износ.