Трговските марки се пријавуваат / регистрираат за точно определени производи и/или услуги кои се во корелација со дејноста на подносителот на пријавата.
Република Македонија има пристапено кон Договорот од Ница за меѓународна класификација на производите и услугите при регистрирање на трговските марки .
Според Меѓународната класификација производите, односно услугите се распределени во вкупно 45 класи, од кои 34 се класи на производи, а 11 се класи на услуги.
При поднесување на пријавата, производите односно услугите треба да бидат распоредени и означени според Меѓународната класификација така што прво се наведува бројот на класата, а потоа производите, односно услугите опфатени со таа класа.
Производите односно услугите, кои можат да се распоредат во две или повеќе класи треба да бидат наведени со изразите употребени во Меѓународната класификација, така што врз основа на формулацијата може да се заклучи во која класа припаѓаат.
Пребарувајте го Азбучниот список на производите и услугите по класи (11 издание) во ТMclass.
Или пребарувајте го Азбучниот список на производите и услугите по класи (11 издание) во .pdf формат: во следниот линк.
TMclass ви помага да пребарувате и да ги класифицирате производите и услугите (термините) што се потребни за поднесување на барање за заштита на трговска марка. Исто така, може да преведете список на производи и услуги и да потврдите дали тие термини се појавуваат во базите на податоци за класификација во заводите-учесници што се означени подолу.