Трговската марка важи десет години од денот на поднесување на пријавата.
Важењето на трговската марка може да се продолжува неограничен број пати и тоа за период од по десет години, под услов носителот на правото во текот на последната година од десетгодишното важење или најдоцна девет месеци од истекот на важењето до Заводот да поднесе барање за продолжување на важењето на трговската марка и да ги уплати соодветните такси и трошоци на постапката.
Новиот период на заштита започнува наредниот ден по истекот на последниот ден на претходниот период на десетгодишната заштита
Содржината и формата на барањето за продолжување на важењето на трговската марка се утврдуваат со Правилникот.