Заштита на географскиот назив Географскиот назив се штити со ознака на потеклото на производот и географска ознака.
Географскиот назив-колективно право Со географски назив се обележуваат производите кои ги произведуваат физички или правни лица на определено географско подрачје.
Кои производи се може да ги обележиме со географси назив? Географскиот назив може да се употреби за обележување на природни производи, земјоделски производи, индустриски производи, занаетчиски производи и производи од домашна ракотворба.
Традиционални називи
Со ознаката на потеклото, односно со географската ознака може да се штити и географски назив на определена земја, регион или место, кој со долга употреба во прометот станал општопознат како назив за производот кој потекнува од таа територија, како и традиционалниот географски или негеографски назив кој упатува на определено потекло на производот.