Стекнување на правото:
- Заштита на називот на местото на потеклото за производите со географската ознака, односно со ознака на потеклото се врши со донесување на решение и упис на географскиот назив на производот и видот на производот на кој се однесува тој назив во регистарот на заштитени географски називи.
- Правото на користење заштитени географски називи се стекнува со издавање решение за признавање на правото и со упис во регистарот на корисници на заштитени географски називи.