| | Sitemap | EN | SQ
Продолжување на роковите на постапката

При испитување на пријавите на патент, патентните испитувачи може да увидат дека пријавата не е целосна и ве повикуваат да ја уредите истата (да доставите дополнителни документи, да извршите корекција на описот, патентните барања, нацртот) при што вие сте должни да одговорите во определен рок кој е предвиден со Законот за индустриска сопственост.

Доколку тоа не го направите може да се запира постапката, да се отфрли вашата пријава итн.


Доколку не сте во можност да одговорите во предвидениот рок а имате оправдана причина за тоа, треба образложението да се достави до Заводот (пред да истече рокот) за да се продолжи процедурата.

Исто така треба во рок да се платат и годишните таксите кои се предвидени за одржување на правото на патент.
Ако се случи Заводот да ја отфрли вашата пријава на патент (поради не постапување во рок), може во текот на постапката да побарате враќање на пријавата во поранешна состојба.

 

Објавено на 02.09.2013