| | Sitemap | EN | SQ
Пребарување на патентни информации

Бидејќи сте вклучени во процесот на иновација, пребарувањето на базите кои содржат патентни информации е неопходна. Има неколку начини на кои може да се користат патентните информации:

  • Најдете решенија за техничките проблеми
  • Разгледате подрачје на технологија за да ги видите сегашните и идните трендови
  • Да видите што вашите конкуренти развиваат
  • Да видите на кои пазари е заштитен производот или процесот (за да не повредите нечие право)
  • Да ја процените важноста на патентот со анализирање на патентната документација
  • Да определите дали некое дејствие може да го повреди постоечкиот патент
  • Да генерирате идеи за нови производи или процеси.


Може да извршите пребарување на базата на податоци на Државниот завод за индустриска сопственост, базите на Европскиот Патентен Завод кои се достапни на интернет (http://www.espacenet.com и http://www.epoline.org), се бесплатни и може да најдете повеќе од 50 милиони пријави на патенти и патенти од целиот свет.

Објавено на 02.09.2013