| | Sitemap | EN | SQ
Правилник за патенти
ПРАВИЛНИК ЗА ПАТЕНТИ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Содржина на правилникот
Член 1

Со овој се утврдува: содржината и формата на пријавата на патент и другите состојки и прилози кон пријавата; содржината на водењето на регистарот на пријави на патенти и изводот од регистарот; содржината на барањето и содржина на уверението за правот на првенство; содржина на пријавата која го исполнува условот за единство на пронајдокот; содржина на разделената пријава; содржина на доказот од потполно испитување; содржината и начинот на водење на регистарот на патенти и изводот од регистарот; промените кои се впишуваат, содржината, формата на барањето и постапката за впишување на промените; содржина на податоците на признат патент кои се се објавуваат во службеното гласило на Државниот завод за индустриска соптвеност (во натамошниот текст: Завод); содржината на исправата за патент и на патентниот спис; содржината на барањето и другите состојки и прилози кон барањето за издавање на сертификат за заштита на медицински производи и сертификат за заштита на производите за заштита на растенијата; содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите кои се поднесуваат преку Заводот како приемен завод согласно со ДСП; содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите кои до Заводот се поднесуваат како избран или назначен завод согласно ДСП; содржината на пријавата и формата на барањето за пријавите кои до Заводот се поднесуваат согласно со Договорот за проширување.

***

Во прилог ви го доставуваме комплетниот текст за симнување.

 

Превземи

Објавено на 02.09.2013