| | Sitemap | EN | SQ



Дополнување на Тарифата на Државниот завод за индустриска соптвеност

Државниот завод за индустриска сопственост, како олеснителна мерка при регистрацијата на првиот патент изврши дополнување на член 1 на Тарифата на Државниот завод за индустриска соптвеност кој се однесува на патенти преку ослободување за плаќање на таксите кои се однесуваат на водењето на постапката за регистрација пред Заводот. Имено, во членот 1 по напомена 5 се додава нова напомена 6 која гласи:“Доколку пронајдувачот е и подносител на пријава,при поднесување на првата пријава за патент, за износот на Тарифните ставки 1.1, 1.2, 1.3, 1.6 и 1.7 се ослободува од плаќање на трошоци”. Значи, доколку пронајдувачот е и подносител на пријавата при поднесување на првата пријава за патент ќе се ослобои од трошоците  кои се однесуваат на водењето на постапка пред Заводот, и тоа од следниве ставки од Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост:

               

-1.1Уредување на пријавата во постапка на формално испитување

-1.2Уредување на пријавата во постапка за испитување на условите за признавање

-1.3За објавување на податоците за признат патент за првите 10 години на важност

-1.6За издавање исправа за признат патент

-1.7За печатење на патентен спис

 

Со ова дополнување на Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост значително ќе се олесни регистрацијата на првиот патент со што и ќе се поттикне заштитата на пронајдоците со патент.

22.06.2015