| | Sitemap | EN | SQ



С О О П Ш Т Е Н И Е

Врз основа на членовите 279 и 280 од Законот за индустриската сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/09 и 24/2011) и членовите 2 и 3 од Правилникот за стручниот испит за застапници за индустриска сопственост и за регистарот на застапници (“Службен весник на Република Македонија” бр.92/09) Државниот завод за индустриска сопственост на 20.01.2015 година организира полагање стручен испит за застапници за индустриска сопственост.

Во врска со испитот ќе се одржат предавања во траење од пет работни денови и тоа од 22.12.2014 до 26.12.2014 година од 17.00 до 20.00 часот, во седиштето на Заводот.
Стручниот испит за застапници за индустриска сопственост може да го полага физичко лице со завршен правен, еден од техничките факултети и фармацевтски факултет и платени трошоци за полагање на испитот во износ од 6.250,00 денари, согласно Тарифната ставка 7.1 од Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.115/07) и тоа: назив на примачот - Државен завод за индустриска сопственост; банка на примачот - НБРМ, сметка 100000000063095; сметка на буџетски корисник 1100200213 787 13; приходна сметка 724149 20; начин 1.

Лицата што се заинтересирани за полагање на испитот, потребно е да поднесат писмена пријава до Заводот најдоцна до 12.12.2014 година.

Пријавата за испит треба да содржи:

1. податоци за кандидатот: име, презиме, адреса, телефон, факс, е-маил;
2. доказ за стручната подготовка (заверена копија);
3. доказ за платени трошоци за испитот (оригинал).

За соодветен доказ за стручната подготовка се смета универзитетска диплома од циклус со 240 ЕКТС-кредити или соодветна диплома од четригодишни студии издадена од Република Македонија односно нострифицирана диплома од странство.

Материали 1 делМатериали 2 делМатериали 3 дел

04.12.2014