На седумдесет и седмата седница, одржана на 21.11.2013 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за ратификација на Договорот од Најроби за заштита на олимпискиот симбол. Законот е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.165/2013.
Договорот од Најроби за заштита на олимпискиот симбол е склучен во Најроби на 26 септември 1981 година. Договорот го администрира Светската организација за интелектуална сопственост, а досега го имаат ратификувано 50 земји. Сите држави членки на договорот се обврзани да го штитат олимпискиот симбол (петте испреплетени кругови) против употреба во комерцијални цели (при рекламирање, како трговска марка и сл.), без овластување на Меѓународниот олимписки комитет.
Битен ефект на Договорот е тоа што ако Меѓународниот олимписки комитет даде дозвола за користење на олимпискиот симбол во држава членка на Договорот, Националниот олимписки комитет на таа држава има право на дел од надоместот што Меѓународниот олимписки комитет ќе го добие за даденото овластување.
Симнете ја објавата од службен весник.