| | Sitemap | EN | SQ



TAIEX работилница: „Организиран криминал во областа на интелектуалната сопственост

На 23 април 2012 година, во Скопје, се одржа TAIEX работилница на тема „Организиран криминал во областа на интелектуалната сопственост“. На работилницата учествуваа вкупно 67 учесници. Целта на семинарот беше зајкнување на борбата против фалсификатите и пиратеријата. Особен акцент беше ставен на поврзаноста на организираниот криминал и финансирањето на тероризмот.

Предавачи на семинарот беа претставници од INTERPOL, EUROPOL, Светската царинска организација, Јавното обвинителство на Данска, Полицијата на Северна Ирска и Царинската администрација на Луксембург. Презентирањето на начините на следење на каналите на фалсификатите и пиратеријата беше во насока на поттикнување на капацитетите на институциите за соработка со меѓународните тела заради поефикасно сузбивање на криминалот во областа на интелектуалната сопственост.

23.04.2012