| | Sitemap | EN | SQ



TAIEX експертска мисија „Борба против фалсификуваните лекови како предмет на кривично гонење“

На 26 и 27 јуни 2012 година во Скопје, се одржа TAIEX експертска мисија „Борба против фалсификуваните лекови како предмет на кривично гонење“. На обуката учествуваа членовите на Координативното тело за интелектуална сопственост, претставник од Бирото за лекови, од Државниот завод за индустриска сопственост и судија од Основниот суд Скопје I Скопје.

Експертот, г-ѓа Aline Plancon, беше претставник од ИНТЕРПОЛ од Единицата за фармацевтски криминал и фалсификувани медицински производи. Во текот на дводневната обука, г-ѓа Plancon, почнувајки од основните меѓународни дефиниции, преку развојот на регулативата и институционалната рамка за борба против фалсификувани лекови, го презентираше начинот на следење на каналите на фалсификување преку конкретни случаи, потенцирајќи ја важноста од организиран пристап и соработка меѓу сите релевантни чинители на национално, регионално и меѓународно ниво, особено поради фактот што фалсификуваните лекови непосредно го тангираат јавното здравје.

20.07.2012