| | Sitemap | EN | SQ



Директорот Идризи ја пречека делегацијата од Бугарија

На 06.12.2023 година во просториите на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија се одржа билатерална средба со Заводот за патенти на Република Бугарија. Средбата започна со поздравен говор на г-дин Блерим Идризи, Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост на Република Северна Македонија и г-ѓа Владија Борисова, Претседателот на Заводот за патенти на Република Бугарија.

Во рамките на програмата се отвори дискусија поврзана за начинот на соработка со Центарот за интелектуална сопственост и трансфер на технологија, формиран од страна на Заводот за патенти на Република Бугарија и Европската Патентна Организација.

Центарот има цел да се генерира раст на регионално, европско и пошироко, меѓународно ниво преку трансфер на технологија и знаење од наука и бизнис. Проектот предвидува обуки кои ќе бидат реализирани со цел да се оствари поголема примена на интелектуалната сопственост од страна на Универзитетот, институциите за истражување и развој и комерцијалниот сектор. Се предвидуваат и постдипломски студии со експертиза во интелектуална сопственост, кои би допринеле за развој на мрежата на обучувачи за трансфер на знаење во оваа област.

06.12.2023


Галерија на слики