| | Sitemap | EN | SQ



Директорот на ДЗИС ја пречека делегацијата од ЕУИПО

Директорот Блерим Идризи на 06.12.2023 г. во просториите на ДЗИС, оствари билатерална средба со г-н Ибон Ормазабaл од Секторот за меѓународна соработка во Европскиот завод за интелектуална сопственост (ЕУИПО), во однос на можностите за проширување на соработката со ЕУИПО, особено во однос на поддршката на заеднички проекти со земјите од регионот, но и можноста за поддршка на билатерални проекти за унапредување на областите од индустриска сопственост.

Г-нот Ормазабл упати пофални зборови за реализацијата на проектот за електронско поднесување на пријави за патенти, а во оваа насока, од страна на ДЗИС беше истакната потребата од развивање на модулот за електронско поднесување пријави за трговски марки.

Воедно беше истакната потребата од одржување обуки на судии и јавни обвинители во областа на интелектуалната сопственост.

06.12.2023


Галерија на слики