| | Sitemap | EN | SQ



Известување за назначување на новиот Директор на ДЗИС

На 9 Mарт, 2023 г. Блерим Идризи официјално ја презема функцијата на в.д. Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
“Подготвени за справување со сите нови планови и проекти, остануваме исправени, продолжуваме со новите предизвици во претстојниот период.
Имајќи во предвид и фактот дека сме носител на Поглавјето 7, не чекаат нови предизвици и обврски во врска со исполнувањето на прашањата што се доставени од страна на Европската комисија.

Исто така клучно прашање во нашето време на раководство ќе биде и промовирање на правата од областа на интелектуалната сопственост.
Од исклучителна важност е поддршката на иноваторството во решавањето на актуелните предизвици вклучувајќи го при тоа и потенцијалот на младите луѓе да иновираат и да поттикнуваат промени за подобра иднина. Движејќи се по ваква патека секако дека ќе дадеме придонес кон растот на националната економија и создавањето услови младите да ги реализираат своите таленти дома.” истакнува Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Идризи.

Сите вработени во Државниот завод за индустриска сопственост истакнаа благодарност до м-р Ибуш Јусуфи, кој претходната година раководеше со оваа инситуција. Заводот продолжува со тековните, но и дополнителни активности, во согласност со приоритетите на новото раководство. Целта е да се истакне важноста на заштитата на интелектуалните права и големиот придонес кој иновациите го имаат за развој на економијата и државата.

14.03.2023


Галерија на слики