| | Sitemap | EN | SQ



Соопштение

На 13 октомври 2022 година директорот на Државниот завод за индустриска сопственост м.р.Ибуш Јусуфи додели решенија за унапредување на тројца административни службеници, како резултат на повеќе годишното искуство стекнато со работа во институцијата и придонесот остварен за истата. По претходно спроведената постапка од страна на одделението за човечки ресурси, решенијата за унапредување им беа доделени на вработените: Исмаиљ Јашари на работно место "Раководител на одделение за финансиски прашања" , Соња Змејкоска на работно место "Раководител на Одделение за патенти" и Дефриме Амати Беќирова "Советник за заштита на меѓународни патенти".

13.10.2022


Галерија на слики