| | Sitemap | EN | SQ



Меморандум за соработка со Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г. Ибуш Јусуфи и Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Дрилон Исени имајќи го предвид значењето на индустриската сопственост за развојот на економијата, унапредувањето на иновациите и размената на технологија, денеска во просториите на ДЗИС потпишаа меморандум за соработка.

Целта на овој меморандум е да го унапреди понатамошниот развој на соработката во областа на правата од индустриска сопственост, која има за цел да ја подобри соодветната заштита на правата од индустриска сопственост и да овозможи нивно ефективно користење (експлоатација).

Оваа соработка има за цел да ги зајакне постоечките системи за индустриска сопственост, воспоставување механизам за редовна размена на информации и преземање заеднички обуки и други заеднички активности.

21.04.2022


Галерија на слики