На 1 декември 2021 година, по пат на видео врска се одржа работна средба по повод Стратегијата за интелектуална сопственост 2022-2026 и Акцискиот план за спроведување на Стратегијата, помеѓу членовите на Координативното тело за интелектуална сопственост и експертите кои се вклучени во Работниот тим за изготвување на Стратегијата за интелектуална сопственост, г-динот Жељко Топиќ – поранешен директор на Заводот за интелектуална сопственост на Република Хрватска и еден од поранешните директори во Европскиот патентен завод, и г-динот Валентин Пепељугоски – адвокат и застапник за индустриска сопственост.
На Работниот состанок се разговараше во врска со предвиденото проширување на надлежностите, составот и организацијата на Координативното тело за интелектуална сопственост.