Координативното тело за интелектуална сопственост на ден 23.11.2021 година одржа седница по повод Проектот финансиран од ЕУ: Поддршка на Државниот завод за индустриска сопственост за изготвување Стратегија за интелектуалната сопственост.
Состанокот се одржа во врска со Поглавје 4 од нацрт-Стратегијата за интелектуална сопственост во кое се предвидува проширување на надлежностите, составот и организацијата на КТИС.
На состанокот се отворија многу прашања и дилеми за кои КТИС не доби подетални одговори, поради што се донесе заклучок да се одржи онлајн средба со експертите кои се вклучени во изготвувањето на Стратегијата за интелектуална сопственост, г-динот Жељко Топич – поранешен директор на Заводот за интелектуална сопственост на Република Хрватска и еден од поранешните директори во Европскиот патентен завод, и г-динот Валентин Пепељугоски – адвокат и застапник за индустриска сопственост.
Средбата е предвидена со цел да се објаснат одредени прашања во врска со проширувањето на надлежностите, составот и организацијата на КТИС.