| | Sitemap | EN | SQ



Охридски бисер и кочански ориз дел од изложбата во СОИП

Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), секоја втора година организира симпозиум за географски ознаки во различни земји во светот. Годинава во услови наметнати од пандемијата, WIPO-Симпозиумот за географски ознаки 2021, се реализираше онлајн од 6 до 8 септември. Во рамките на симпозиумот реализирана е и виртуална изложба на заштитени географски називи на која зедоа учество со свои промотивни материјали  40 земји, од вкупно  193 земји членки на  WIPO, како и ЕУ.

Република Северна Македонија учествуваше со два свои производи: ОХРИДСКИ БИСЕР и КОЧАНСКИ ОРИЗ. За таа цел, за двата производи  Државниот завод за индустриска сопственост подготви аудио-видео записи како и текст  за националната и меѓународна  заштита  на овие производи, поддржана со националната и меѓународната легислатива.  Подготвениот материјал е прифатен од WIPO и претставува дел од  изложбата која ќе биде достапна за јавноста цела година, односно до септември 2022 година.

Платформата за виртуалната изложба е поставена и одржувана од WIPO. Самата идеја  на WIPO преточена  во вака реализираната изложба,  претставува голем предизвик за промоција на производи со заштитено географски потекло на сите  40 земји учеснички но и за запознавање на јавноста на глобално ниво со широк спектар на производи заштитени со географско потекло во светот, легислативата и условите за заштита во тие земји и  територијата на ЕУ. Секако дека учеството на оваа изложба Заводот, покрај другото го гледа како голем бенефит во промовирањето на потенцијалите на земјата како и на Република Северна Македонија воопшто. Изложбата е достапна на веб страната на WIPO на следниот линк https://www.wipo.int/geo_indications/en/symposia/2021/.

06.09.2021


Галерија на слики