| | Sitemap | EN | SQ



Средба помеѓу КИСЕУ и канцелариите за индустриска сопственост на Западен Балкан

ДЗИС учествуваше на годишниот состанок на високо ниво што го одржа Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија со раководителите на институциите за индустриска сопственост на земјите од Западен Балкан.

На оваа средба се дискутираше за достигнувањата на Државниот завод за индустриска сопственост, претставувајќи ја Република Северна Македонија и желбата за понатамошно зајакнување на соработката меѓу нашите канцеларии, како многу важен чекор на приближување со практиките на земјите, во процесот на испитување на објекти од индустриска сопственост.

Поради сегашната состојба предизвикана од пандемијата КОВИД-19, овој состанок се одржа втора година по ред преку Зум онлајн платформата.

17.06.2021


Галерија на слики