| | Sitemap | EN | SQ



Ги запознаваме студентите на ФЕИТ со важноста и значењето на индустриската сопственост

На покана на Проф. д-р Христина Спасевска, проректор на УКИМ, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски денеска за првпат одржа онлајн предавање за студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
На предавањето Герасимовски ги запозна студентите со Државниот завод за индустриска сопственост како институција во рамки на ингеренциите, процесите кои ги застапува како и значењето и бенефитите од патентирањето на иноватициите и заштитата на индустриските производи.
Герасомовски нагласи дека целта на Државниот завод за индустриска сопственост е да ги поттикне и поддржи студентите и можеби идните иноватори при пласирање и заштита на своите производи како и да ја зајакне свеста од потребата за заштита на иновациите, трговската марка, индустрискиот дизајн и географскиот назив.

24.03.2021


Галерија на слики