| | Sitemap | EN | SQ



Работна средба со директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции

Денеска Горан Герасимовски, директорот на Државниот завод за индустриска сопственост оствари средба со директорот на Агенција за привлекување на странски инвестиции, Дејан Павлески. На средбата се разговараше за заштитата на правата на индустриска сопственост како еден од најважните фактори кои компаниите ги земаат во предвид доколку сакаат да инвестираат во странска земја.
Водејќи се од ова меѓународните компании детално ги анализираат регулативата и условите за инвестирање во некоја земја. Во таа насока, во својата извозна стратегија компаниите треба да ја вклучат и индустриска сопственост, која ја зголемува конкурентноста на претпријатието на извозните пазари.
Ова е исклучително важно и за домашните компании со извозен потенцијал бидејќи заштитата на индустриската сопственост е еден од поважните елементи за успешно функционирање на единствениот европски пазар.
Заштитата на индустриската сопственост, вашата трговска марка или индустрискиот дизајн овозможуваат поволна позиција на пазарот и лојални клиенти за сопствените производи и услуги на странските пазари.
Статистички, земјите со силни системи за заштита на правата на индустриска сопственост привлекуваат повеќе странски инвестиции споредено со земјите без постоечка регулатива за заштита.
РС Македонија во оваа област е хармонизирана со меѓународните стандарди за заштита на правата од индустриска сопственост овозможувајќи ефикасна правна заштита на компаниите кои работат во земјава.

 

18.01.2021


Галерија на слики