| | Sitemap | EN | SQ



Средба со вицепремиерот Љупчо Николовски

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски денеска одржа работна средба со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски. На средбата се дискутираше за идната соработка во однос на борба против сива економија. Директорот Герасимовски ги истакна приоритетите на ДЗИС и важната улога која ја има за македонската економија.

„Чест ми е што денеска сте тука, за да ја зајакнеме соработката и да ја зголемиме видливоста на нашата работа, за да им помогнеме на индивидуалните иноватори, малите и средни претпријатија да ги заштитат и пласираат своите производи, а воедно да продолжиме да придонесуваме за развој на економијата”, рече Герасимовски.

Николовски и Герасимовски заклучија дека е потребна интензивна соработка меѓу повеќе институции за поголема ефикасност и видливост на Координативното тело за интелектуална сопственост, кое е еден од главните чинители за сузбивање на сивата економија.

„Владата и мојот кабинет се тука за ги детектираме сите области каде можеме да бидеме подобри, да воспоставиме поефикасна координација и да видиме конкретни резултати. Наша стретегија за борбата против корупција и сива економија е да едуцираме и да ја подигнеме јавната свест. Ќе работиме во партнерство со граѓаните и компаниите, за да изградиме систем кој ќе ги штити и ќе им даде шанса да успеат во услови на фер конкуренција и поддршка од релевантните институции”, истакна вицепремиерот Николовски.

02.12.2020


Галерија на слики