| | Sitemap | EN | SQ



Координативен состанок со претставници на здружението на застапници во Северна Македонија
Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски денеска одржа координативен состанок со претставници на здружението на застапници во Северна Македонија. 
 
Се дискутираше за олеснување на процедурите кои ги води Заводот, дигитализација на услугите, усогласување со европските практики и барањата на денешната дигитална ера. Ова се приоритетите на кои ќе работи новото раководство на Заводот заедно со застапниците и сите релевантни чинители. 
 
Крајната цел е да се подобрат условите за заштита на правата на интелектуална и индустриска сопственост, а со тоа да се зголеми интересот и бројот на патенти.

19.11.2020


Галерија на слики