Денеска досегашниот заменик директор Горан Герасимовски официјално ја презема функцијата на в.д. Директор на Државниот завод за индустриска сопственост.
„Подготвени за нови предизвици продолжуваме да работиме транспарентно и неуморно. Со заштита на интелектуалните права ја движиме македонската економија напред, поттикнуваме иновации и создаваме услови младите да ги реализираат своите таленти дома“, истакнува Герасимовски.
Сите вработени во Државниот завод за индустриска сопственост истакнаа благодарност до д-р Сафет Емрули, кој претходните години раководеше со оваа инситуција. Заводот продолжува со тековните, но и дополнителни активности, во согласност со приоритетите на новото раководство. Целта е да се истакне важноста на заштитата на интелектуалните права и големиот придонес кој иновациите го имаат за развој на економијата и државата.