Светскaта Oрганизација за Iнтелектуална Сопственост (ВОИС, WIPO) заедно со INSEAD и Универзитетот Корнел го објави Глобалниот Iновативен Iндекс (ГИИ) 2020 година. Ова е 13-тото издание на индексот, а има за цел да им помогне на носителите на одлуки во разбирањето на иновативната активност која го поттикнува економскиот и човечкиот развој. Студијата се рангира на 131 економии, а резултатите се базираат на 80 индикатори, кои вклучуваат стапки на пријавување на интелектуална сопственост, однесување за пополнување, врвни универзитетски рангирања и научни и технички публикации (Универзитетот Корнел, INSEAD и WIPO (2020).
Република Северна Македонија е на 57то место од 131 држави во светот според Глобалниот Иновациски Индекс (ГИИ) за 2020 година објавен на 2 месецов според кој се искачи 2 места погоре на листата земји кои вложуваат во иновациска инфраструктура.
Според овој извештај Република Северна Македонија има значителен напредок во однос на претходните две години, што во голема мера се должи на целокупната политика на Владата на Северна Македонија во однос политикете за микро, мали и средни претпријатија.
Глобалниот иновациски индекс (ГИИ) за 2020 |
Рангирање на Северна Македонија, 2018 – 2020 (споредба) |
ГИИ Иновации Инпути |
2020 57 46 63 |
2019 59 52 63 |
2018 84 71 93 |
Голем успех постигнат според индикаторите за квалитет ISO9001 (22 место) и високо- и средно-високи технолошки производи (21 место), а подобрена е позицијата и во категоријата знаење и технологии, според кои Северна Македонија е на 58то место.
Според Глобалниот Иновациски Индекс, Република Северна Македонија има натпросечни оцени во пет од седумте столбови на Глобалниот иновациски индекс, кои се однесуваат на институции, инфраструктура, софистицираност на пазарот, каде е на 17то место, знаење и технолошки резултати и креативни резултати.
Петте најиновативни земји според анализата на ГИИ оваа година се Швајцарија, Шведска, САД, Велика Британија и Холандија.