| | Sitemap | EN | SQ



Известување

Државниот завод за индустриска сопственост информира дека традиционалната годишна манифестација Патент на годината како и одбележувањето на 26. април - Светскиот ден на интелектуална сопственост ќе биде одложена, согласно мерките на Владата на Република Северна Македонија за заштита од COVID-19. Манифестацијата патент на годината ќе биде одржана по завршување на кризата и кризните мерки.


Оваа година, 26. април го дочекуваме во поинакви услови. Должност на секоја институција и секој граѓанин е да придонесе во заштита на јавното здравје. Истовремено, оваа криза ја истакнува огромната улога на иновациите во изноаѓање решенија на проблемите со кои се соочува човештвото.


Ние како Завод продолжуваме интензивно и понатаму работиме на подобрување на соработката помеѓу институциите и сите засегнати страни, како и унапредување на целиот систем на правата од интелектуална сопственост во Република Северна Македонија.
 
Светската организација за интелектуална сопственост, овогодинешниот 26 април – Светски ден на интелектуалната сопственост го одбележува под мотото “Иновирајте за зелена иднина”. Текстот за одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост, пораката на генералниот директор на СОИС како и за активностите по повод овој ден можете да ги прочитате на следниов линк: https://www.wipo.int/ip-outreach/en/ipday/

24.04.2020