| | Sitemap | EN | SQ



Работна посета на директорот на ГДИС на Република Албанија

На 6 и 7 Февруари 2020 Државниот завод за индустриска сопственост на Република северна македонија го посети една делегација предводена од Генералниот директор за индустриска сопственост, г-ѓа Ледина Беќирај. На состанокот присуствуваа Генералниот директор на Државниот завод за индустриска сопственост г-дин Сафет Емрули, г. Горан Герасимовски Заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост како и други претставници на двете канцеларии.
На средбата се разговараше за начините на соработка на хомолошките канцеларии од областа на индустриската сопственост, соработката што дојде во рамките на потпишувањето на договорот за соработка меѓу страните.
Целта на соработката е да се постигнат цели, кои вклучуваат меѓусебна размена на искуства, информации и публикации од областа на ИП, стратегиски политики и зголемена свесност за важноста на заштитата на објектите за индустриска сопственост.

10.02.2020


Галерија на слики