| | Sitemap | EN | SQ



ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Во рамките на активностите на Координативното тело за интелектуална сопственост, Државниот пазарен инспекторат постапувајќи по поднесени пријави на носители на правото на трговска марка и по службена должност, во деновите 26 и 27 ноември 2019 година изврши инспекциски надзори кај повеќе економски оператори на територијата на град Скопје и општините Охрид и Струга.

Од вкупно извршените 45 надзори констатирани се неправилности кај повеќе трговци и тоа во поглед на неовластено користење на правото на трговски марки наведени во пријавите на носителот на правото СНБ РЕАКТ ДОО Скопје и повреди констатирани по службена должност. За прекршоците утврдени при надзорите, Државниот пазарен инспекторат издаде 36 прекршочни платни налози во вкупен износ од 66.570 евра. При надзорите кај трговците затекнати се производи (машка и женска облека, женски ташни, каиши) од добро познатите трговски марки „POLO”, “LA COSTE”, “LOUIS VUITTON”, кои се ставени во промет без притоа субјектот да поседува право да ги користи истите. Производите во вкупна вредност од 111.700,00 денари се привремено одземени до донесување на правосилна судска одлука.

20.12.2019