| | Sitemap | EN | SQ



40-та Макинова 2019 и 17-та Еконова 2019

Заменик директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, г. Горан Герасимовски присуствуваше на отворањето на годинешните изложби МАКИНОВА И ЕКОНОВА.

МАКИНОВА се одржува по  40-ти пат во нашата земја. На неа се изложуваат пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно.

Изложбата МАКИНОВА 2019 е придружена по 17-ти пат со изложбата ЕКОНОВА 2019 на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина. Државниот завод за индустриска сопственост и оваа година доделува награди за најдобрите, со што ги поддржува иноваторите во нашата земја.

Пронајдоците можат да се видат во следните два дена во Музејот на Град Скопје, а наградите ќе се доделуваат во недела.

 

 

11.11.2019


Галерија на слики