| | Sitemap | EN | SQ



Работна средба со претставници на Европскиот завод за патенти

На 02 септември 2019 година, на работна посета на Државниот завод за индустриска сопственост претстојуваше делегација на Европскиот патентен завод предводена од г-динот Сајмон Уајт - ИТ соработка и г-динот Кристоф Броварниј - Европска соработка.
На состанокот со делегацијата учествуваа вработени на Државниот завод за индустриска сопственост предводени од заменик директорот на Заводот, г-динот Горан Герасимовски.

За време на состанокот беа дискутирани следниве теми:

- ажурирање на тековните проекти и активности во соработка со ЕПО во областа од ИТ
- методологија за претстојните проекти за соработка
-заедничка работилница за комплетирање на прашалникот

На крајот на состанокот се разговараше за наредните чекои кои треба да се преземат со цел да се отпочне со реализација на заедничките проекти кои произлегуваат од Стратешкиот план 2023 на ЕПО.

03.09.2019


Галерија на слики