| | Sitemap | EN | SQ



12-та Меѓународна изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2019”

Сеул, Република Кореја (20 - 23 јуни 2019)

Во 12-та по ред меѓународна изложба на жени пронајдувачи “KIWIE 2019”, во организација на Кореанската асоцијација на жени пронајдувачи – KWIA и подршка од Кореанскиот завод за интелектуална сопственост – KIPO и  од Светската организација за интелектуална сопственост – WIPO, којасе одржа во периодот од  20 јуни  до  23 јуни  2019 година во Сеул, Република Кореја, земаа учество 373 пронајдувачи од 28 земји.  

Пронајдувачите од Република Северна Македонија, преку Државниот завод за индустриска сопственост на годинашната изложбата се претставија со три пронајдоци, кои вкупно беа наградени со четири златни, по еден сребрен и бронзен медал и една Диплома.

15.07.2019


Галерија на слики