| | Sitemap | EN | SQ



ТАРИФА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ТАРИФАТА НА ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

Донесена еTарифа за изменување  на Тарифата на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), која е објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.42/19 од 21.02.2019 година (преземи).

Тарифатаза изменување на Тарифата на ДЗИС, бр.03-1560/1 од 09.10.2018 година, е донесена заради усогласување на Тарифниот број 3.7 од Тарифата, со член 211 став (2) од Законот за индустриската сопственост, односно трошоците што се плаќаат во постапката за впишување на продолжување на важење на трговска марка предвидени во Тарифниот број 3.7 како трошоци за објавување, се преименуваат во трошоци на постапката.

Доказот за платени трошоци на постапката од Тарифниот број 3.7. се доставува во прилог на барањето за продолжување на важење на трговска марка ДЗИС-ТМ3, согласно член 28 став (2) точка 4) од Правилникот за трговска марка („Службен весник на РМ“ бр.92/09 и 177/18).

01.03.2019