| | Sitemap | EN | SQ



"25 години ДЗИС - Месец на ИС" - Скопје


На 20 и 21 септември активности во рамките на кампањата "25 години ДЗИС - Месец на ИС" се одржаа во Скопје. Ова воедно беше и последниот град од кампањата. Беше организиран мини семинар за правата од ИС со претставниците на бизнис заедницата. На семинарот, беа градоначалникот на Скопје, г-дин Петре Шилегов, заменик директорот на ДЗИС, г-дин Горан Герасимовски и државниот советник г-дин Али Асани. Беа поставени два штанда и тоа на самиот плоштад како и на влезот на старата скопска чаршија.

На штандовите се делеше промотивен материјал и се одговараше на голем број на прашања кои беа поставени од страна на заинтересираните граѓани.

23.09.2018


Галерија на слики