![](http://www.ippo.gov.mk/docs/xFiles/galleries/1039/e3ed7fa3-a137-47e1-ba4e-a38bafaa09cf.jpg)
На 11 и 12 септември продолжија активностите во рамките на кампањата "25 години ДЗИС - Месец на ИС", овој пат во Битола. Се одржа мини семинар за правата од ИС со претставниците на бизнис заедницата. На семинарот, освен заменик директорот на ДЗИС, г-динот Горан Герасимовски и државниот советник г-дин Али Асани исто така беше присутен и градоначалничката на општина Битола, г-ѓа Наташа Петровска. Г-ѓата Петровска јавно ја подржа кампањата на ДЗИС со најава за директна соработка со Заводот.
Во центарот на Битола беше поставен штанд на кој се делеше промотивен материјал и се одговараше на прашања кои беа поставени од страна на заинтересираните граѓани кои беа на голем број.