| | Sitemap | EN | SQ



"25 години ДЗИС - Месец на ИС" - Штип

Во рамките на кампањата "25 години ДЗИС - Месец на ИС" вработени на ДЗИС имаа две активности овие два дена во Штип. Се одржа мини семинар за правата од ИС со претставници на бизнис заедницата. На семинарот беа присутни и градоначалникот на општина Штип. г-динот Благој Бочварски како и заменик директорот на ДЗИС, г-динот Горан Герасимовски и државниот советник г-дин Али Асани.


Исто така беше поставен штанд во центарот на градот на кој се делеше промотивен материјал и се одговараше на прашањата на заинтересираните граѓани. Инаку, заинтересираноста на граѓаните на Штип беше на многу високо ниво.

06.09.2018


Галерија на слики