| | Sitemap | EN | SQ



Месец на ИС-25 години ДЗИС

 

Оваа година е јубилејна година за Државниот завод за индустриска сопственост – 25 години од основањето на Заводот (1993-2018).


Со цел да се одбележи овој многу важен датум, Заводот, во месеците септември и октомври ќе организира низа активности кои се однесуваат на промоцијата на правата од индустриска сопственост на пошироката јавност како и на малите и средни претпријатија, активности со универзитетите, трансферот на технологија како и средби и консултации со сите чинители на системот на заштита и спроведување на правата од индустриска сопственост.
Мотото на прославата ќе биде “Месец на ИС – 25 година ДЗИС”


Месецот септември ќе биде “Месец на индустриска сопственост”. Во овој месец ќе се реализира кампања за промоција на правата од индустриска сопственост во 6 градови во Македонија. Кампањата ќе се реализира во следниве градови: Скопје, Тетово, Струмица, Битола, Охрид и Струга. 


Во гореспоменатите градови, вработените на Заводот ќе имаат состаноци со раководни лица на општините проследено со мини семинари за бизнис заедницата. На тие семинари претставниците на бизнис заедницата ќе се запознаат со важноста и придобивките од заштитата и спроведувањето на правата од индустриска сопственост.


На истите градови, истовремено, на најфреквентните места ќе се постават штандови на кои ќе се поделат промотивни материјали и вработените на Заводот ќе одговорат на прашањата на заинтересираните граѓани.
На 18 октомври ќе се одржи главната манифестација за 25 години ДЗИС – меѓународна конференција на тема Трансфер на технологија. На конференцијата презентации ќе имаат експерти од Светската организација за интелектуална сопственост, Европската патентна организација, Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија како и професори од нашите универзитети.


Исто така во месец октомври ќе се реализира и кампања за штетноста на фалсификуваните производи и последиците од нивното купување.

Државниот завод за индустриска сопственост со одбележувањето на 25 годишницата и предвидените активностите ќе придонесе за зголемување на јавната свест за значењето и придобивките од заштитата на правата од индусриска сопственост.

Објавено на 25.07.2018