| | Sitemap | EN | SQ



Известување - семинар на тема “Најнови случувања во Мадридскиот систем за меѓународна регистрација.."

 

Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија (ДЗИС) во соработка со Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), организира еднодневен семинар на тема “Најнови случувања во Мадридскиот систем за меѓународна регистрација на трговските марки за заинтересираните страни”.


Семинарот ќе се одржи на 12.12.2017 година, хотел Гранд Плаза Скопје, со почеток во 9,00 часот.


На семинарот поканети се застапници од областа на индустриската сопственост.
Предавачи на семинарот се г-дин Sawasato Kazutaka, од Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и Далила Јармова, раководител на одделението за трговски марки.


На семинарот ќе бидат разработени повеќе теми, кои се од интерес за корисниците на овој систем.

Објавено на 10.12.2017