| | Sitemap | EN | SQ



Завршна конференција на твининг проектот Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост

Денес, во амфитеатарот на Царинската управа на Република Македонија, се одржа завршната конференција на твининг проектот Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост.

Твининг проектот отпочнат во декември 2015 година, беше финансиран од Европската Унија и реализиран од данскиот Завод за патенти и трговски марки во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија.

За време на реализирањето на овој проект, од страна на експерти од земјите членки на Европска Унија, беа реализирани голем број на активности кои се однесуваа на двете компоненти на проектот, и тоa Компонентата 1 - Зајакнување на институционалните и административните капацитети на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) Компонентата 2 - Зајакнување на капацитетите на Царинската управа во однос на нивните законски надлежности.

Објавено на 11.07.2017


Галерија на слики