| | Sitemap | EN | SQ



ЕПО доделува грантови за академски истражувања


ЕПО ја лансираше новата “Академска истражувачка програма” во која нуди финансиска поддршка за академски истражувања за прашања поврзани со патенти. Програмата ќе доделува грантови до 100 000 евра предлози кои ќе победат. Оваа иницијатива ќе ја надополни долгогодишна посветеност на ЕПО за поддршка на истражувањата за податоци за патенти преку нејзината база на статистички податоци од целиот свет за патенти (PATSTAT).
Крајниот рок за доставување на предлози е 15-ти јуни 2017 година.


Првиот годишен повик за проекти во рамките на новата програма се фокусира на шест тематски области кои што опфаќаат различни области, вклучувајќи економија, управување со ИС, право  на ИС и науки за податоци:
1. Влијанието на европскиот патентен систем на трговијата и инвестициите во Европа
2. Патенти услуги и посредници во Европа
3. Бизнис моделиза ИС и методи за проценка на патенти
4. Патенти за мали и средни претпријатија и универзитети во Европа
5. Патентите и технологиите за намалување на климатските промени
6. Напредно користење на PATSTAT и патентниот анализатор.

За повеќе информации, ве молиме кликнете на следниов линк:
http://www.epo.org/learning-events/materials/academic-research-programme.html

Објавено на 28.04.2017