Државниот завод за индустриска сопственост, на 25.11.2016 година одржа конфереренција на која беше презентиран проектот Tехничка подршка на Државниот завод за индустриска сопственост, кој е финасиран од Владата на Кралството Норвешка.
Проектот, Tехничка подршка на Државниот завод за индустриска сопственост има за цел воспоставување систем за услуги и размена на информации помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост и клучните чинители во областа на индустриската сопственост.
За постигнување на проектната цел најнапред се изготви Физибилити студија, со која што се оценија актуелните состојби во поглед на законската и институционалната рамка на системот за размена на информации, се предложија решенија за негово унапредување, и се дефинираа целите кои ќе се постигнат со имплементирање на предложените решенија.
Проектот предвиди изработка на платформа за размена на и користење информации и податоци во системот на индустриската сопственост. Поради спецификите на системот и на заинтересираните страни платформата е поделена во 4 засебни модули и тоа:
Модул 1: Услуги што Државниот завод за индустриска сопственост ги пружа на јавноста
Модул 2: Практиката на Државниот завод за индустриска сопственост
Модул 3: Практиката на Управниот суд на Република Македонија
Модул 4: Полагање на стручен испит за застапници за индустриска сопственост и информации за застапниците