| | Sitemap | EN | SQ



Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост

Државниот завод за индустриска сопственост отпочна со Твининг проектот Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост кој е финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА ТАИБ 2011.

Целта на овој твининг проект на ЕУ е да се обезбеди натамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, градење на капацитети, подигнување на јавната свест во областа на остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Проектот финансиран од Европската Унија со буџет од 1.398,093 евра ќе се реализира во текот на следните 19 месеци.

Проектот има две компоненти: Компонентата еден има за цел да обезбеди ефикасна и квалитетна поддршка на институциите кои имаат надлежности во областа на интелектуалната сопственост, да ги зајакне институционалните и административни капацитети на Државниот завод за индустриска сопственост со цел да обезбеди ефикасна и квалитетна поддршка на институциите кои имаат надлежности во областа од интелектуална сопственост.

Компонетата два има за цел да ги зајакне оперативните капацитети на Царинската управа на Република Македонија за да се бори против повредата на правата од интелектуална сопственост во согласност со нивните законски надлежности.

Твининг Проектот е имплементиран од страна на данскиот Завод за патенти и трговски марки во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост и Царинската управа. Успешниот исход на Твининг проектот ќе се постигне само со соодветна поддршка и вклучување на релевантните институции за спроведување на правата, како што се Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Академијата за судии и јавни обвинители и Министерството за култура.

15.02.2016