| | Sitemap | EN | SQ



Техничка помош за развој на Национална стратегија за индустриска сопственост 2016-2018

Државниот завод за индустриска сопственост отпочна со проект финансиран од страна на Европска унија за Развој на стратегија за индустриска сопственост 2016-2018 во рамките на ИПА ТАИБ 2011

Специфична цел на оваа задача е да обезбеди експертиза во изработката на "Националната стратегија за индустриска сопственост, 2016-2018", при што релевантното законодавство ќе биде ревидирано и сите релевантни институции и заинтересирани страни треба да бидат консултирани.


Стратегијата ќе се однесува особено на следниве критични области на системот на правата од индустриска сопственост во земјата: националното законодавство за индустриска сопственост; зголемувањето на капацитетот на ДЗИС кон својата сервисна ориентација и на капацитетите за спроведување на законот за поефикасно заштита на правата од индустриска сопственост; подобрување на капацитетот на локалната бизнис заедница за генерирање и користење на индустриска сопственост и последно, но не и најмалку важно подигање на индустриската сопственост за општеството.

За оваа цел се ангажирани

Костадин Манев, експерт по ИС
Андреа Кушти, експерт по ИС

15.02.2016