| | Sitemap | EN | SQ



ДЗИС на Република Македонија стана членка на Designview

Од 5 Октомври, 2015 година, Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) на Република Македонија ги направи јавно достапни своите податоци за Индустриски Дизајн во алатаката за пребарување на Designview.

Интегрирањето на ДЗИС е конкретен резултат од меѓународната програма за соработка раководена од ОХИМ во соработка со меѓународните партнери.

Ова последно проширување го зголемува бројот на заводите членки во Designview на 36 и додавање на речиси 800 дополнителни индустриски дизајни од Република Македонија, Designview сега обезбедува пристап и информации на повеќе од 8,7 милиони индустриски дизајни вкупно.

Од воведувањето на Designview во 19 Ноември во 2012 година, алатката за пребарување има служено над 1,2 милиони пребарувања од 140 различни земји, од кои најчести посетители и корисници на алатката се корисниците од Велика Британија, Германија и Шпанија.

За повеќе информации читајте во https://www.tmdn.org/tmdsview-web/welcome

Објавено на 19.10.2015