| | Sitemap | EN | SQ
Закон за индустриската сопственост
ЗАКОН ЗА ИНДУСТРИСКАТА СОПСТВЕНОСТ- Пречистен текст

изготвен од Заводот

 


(Службен весник на РМ бр. 47/2002, 42/2003, 9/2004, 39/2006 и 79/2007)

 


ОПШТИ ОДРЕДБИ
Содржина на законот
Член 1

 

Со овој закон се уредува стекнувањето, остварувањето и заштитата на правата од индустриска сопственост.

Права од индустриска сопственост
Член 2

 

(1) Права од индустриска сопственост се: патент, индустриски дизајн, трговска марка, ознака на потеклото и географска ознака.
(2) Со патент се штити пронајдок.
(3) Со индустриски дизајн се штити нова форма на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои или нивна комбинација-дизајн.
(4) Со трговска марка се штити трговски знак.
(5)Со ознака на потеклото и географска ознака се штити географскиот назив.

 

...

 


Превземи

Објавено на 01.09.2013